
Секс играчки - одржување
Од кутијата до спалната соба и до сандакот на задоволството
Како и за сѐ што сакаме, се трудиме да се грижиме за тоа најдобро што можеме... и омилените секс играчки не се исклучок. Научи како да им ја покажеш на играчките љубовта што им треба, за да можат и тие да ти ја вратат...
Секогаш кога ќе одлучиш да купиш секс играчка, имаш големи надежи - и за тоа што очекуваш од неа и за тоа колку ќе издржи редовна употреба. Ако е одлична играчка, можеш да се потпреш на нејзините перформанси - а кога не е, ќе ти биде жал за потрошените пари и пропуштените спонтани можности. Би сакале да ги избегнеш разочарувањата и да го извлечеш максимумот од секс играчките, затоа читај понатаму. Овие совети во никој случај не се наменети да ги заменат препораките на производителот - силно се препорачува да ги консултираш пред да ја користиш играчката.
Од кутијата
Првото нешто што треба да направиш е да провериш дали имаш алергија на употребениот материјал или материјали. На пазарот има доволно играчки што можат да ги задоволат потребите на речиси секого! Материјали како стаклото, силиконот и пластиката им нудат одлични можности на луѓето со чувствителности. Можеби ќе сакаш да користиш кондоми ако ја делиш играчката, за да ја намалиш можноста за размена на бактерии или течности со личноста со која имаш секс; ако имаш чувствителност на латекс, можеш да набавиш кондоми од полиуретан.
Второто нешто е добро да ја измиеш. Погрижи се да ги следиш препораките на производителот пред првата употреба на играчката. Следи ги чекорите за дезинфекција и/или претходна обработка на играчката. Исто така, обиди се да ти стане навика секогаш повторно да ја измиеш веднаш по употребата за да избегнеш насобирање бактерии. Бидејќи ќе сакаш да избегнеш да влезе вода во внатрешните електронски делови, завиткај го тој дел со крпа за да не се навлажни.
Потоа, прегледај ја играчката пред да ја користиш! Кога сѐ што сакаш е да ја раскинеш кутијата и да се фрлиш на неа, треба да закочиш и да го направиш следново: провери дали има промена на бојата, кинење или оштетување на некој од деловите; прегледај го лежиштето за батерии дали протекува или кородира; погрижи се жиците да се правилно поврзани со главното тело на играчката и провери дали уредот работи како што треба кога ќе ставиш батерии, на пр. дали се вклучува, дали има повеќе нивоа на вибрација итн. Така, ако има проблем, можеби ќе имаш шанса да ја вратиш.
Во спалната соба
Кога воведуваш секс играчки во својот репертоар, погрижи се да користиш соодветни батерии. Секс играчките се составени од мали делови што лесно можат да прегорат; ако играчките работат подолго време, тоа може да придонесе за нивниот крај. Играчка што се прегрева навистина може да го расипе расположението. Добра идеја е со играчките да користиш 'безимени' батерии. Обиди се да избегнуваш играчки за кои се потребни скапи и тешко достапни батерии од типот "копче". Добрата страна е што безимените 'AA' & 'AAA' батерии се евтини... неколку пакувања од продавница со евтина стока се практично и достапно решение, а секогаш ќе имаш свежи батерии при рака. Можеш целосно да ја заобиколиш работата со батериите ако вложиш во играчка на полнење. Така ќе имаш помало влијание врз животната средина, а поголемо во спалната соба.
Користи соодветен лубрикант за максимални перформанси. Играчките и лубрикантот одат рака под рака. Иако можеби создаваш многу свој природен лубрикант, имај шише лубрикант при рака за поудобни подолги сесии. Лубрикантот на водена основа е добро да го имаш за речиси секој тип играчка. Има пријатна конзистенција и лесно се плакне, но лошата страна е што прилично брзо се суши. Пробај лубрикант на силиконска основа за подолготрајно дејство, но НИКОГАШ не го користи со играчки од nu-skin или од силикон!!
Водоотпорноста е уште една работа што треба да ја земеш предвид. Погрижи се да ги провериш нашите истакнати рецензии, како и упатствата на производителот, за да видиш колкава изложеност на вода може да поднесе играчката. Секогаш проверувај дали сите делови се правилно затворени.
До сандакот на задоволството
Правилното чистење и чување се клучни за правилно одржување на секс играчките. За да ѝ го продолжиш векот на играчката, чувај ја на ладно, темно и затворено место, подалеку од домашни миленици и деца. Зошто да не набавиш забавна кутија за да ја чуваш во неа? Ќе изгледа многу попривлечно и прекрасната колекција ќе ти биде гордост. Извади ги батериите пред да почнеш да ја миеш играчката и миј ја играчката пред и по секоја употреба. Никогаш не чувај батерии во играчката бидејќи можат да протечат, да оксидираат или случајно да ја вклучат играчката. Можеби тоа не е првото нешто што луѓето сакаат да го направат по сесија на задоволство, но миењето на играчките по секоја употреба ќе ја зголеми желбата да продолжиш да ја користиш играчката. Тоа е едноставно добра хигиена - посебните работи понекогаш бараат посебна грижа. Обично е доволно да ја исплакнеш со топла вода кога користиш лубриканти на водена основа, но некои типови лубрикант бараат благ сапун, специјално средство за чистење играчки или дури медицински алкохол. Следи ги сите упатства што доаѓаат со играчката. За сушење, обиди се да ја оставиш играчката да се суши на воздух преку ноќ или избриши ја со крпа што не пушта влакненца. Клучот е да не ја фрлиш во плакарот додека е сѐ уште влажна!
Воала. Овие корисни совети навистина ќе те натераат да ги цениш пофините страни на поседувањето секс играчка и ќе ти овозможат да го извлечеш најдоброто од неа.
Каде да купиш?
За да купуваш производи за чистење играчки, кликни тука.

